Сечејќи дрва, едно од нив паднало врз неговата сопруга- жена починала на лице место во струмичко

 

Сечејќи дрва во нива во струмичко, едно од нив паднало врз жена по што таа починала на лице место.

„На 19.09.2020 околу 09.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во атар на с.Мокриево, струмичко, во нива на место викано „Длабока“, додека Д.Н. сечел дрва, едно од дрва паднало и ја повредило неговата сопруга Ж.Н.(59), при што таа починала на лице место“ соопштуваат од полиција.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2020 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега