Себастијан Курц за пандемијата: Пред нас се уште тешки месеци, мораме да издржиме до вакцината

Канцеларот Себастијан Курц денеска по повод државниот празник на Австрија рече дека граѓаните ќе мораат уште многу месеци да живеат со коронавирусот и дека мораат да издржат додека вакцината не овозможни враќање на нормалноста.

Курц рекол дека знае дека многу граѓани се исцрпени поради оваа криза и дека не сакаат повеќе да слушаат за короната.

-Сакам да кажам како граѓанин дека ве разбирам. Ни јас не сакам да мораме да носиме маски, да трпиме ограничувања и сакам да можеме да славиме кога ќе посакаме. Но, како шеф на владата моја задача е да го кажам тоа што сите сакаат да го слушнат“, кажа тој.

Курц порача дека граѓаните на Австрија уште многу месеци ќе мораат да живеат со коронавирусот.

Ќе мораме да издржиме додека вакцината не овозможи враќање во нормала. Ако фрустрациите и бесот бидат посилни тогап би требало да се сетиме дека оваа криза не е трајна и дека се наѕира крајот“, рекол тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега