Сеад Кочан бара помилување од државата - Пендаровски го има последниот збор

Бизнисменот Сеад Кочан бара помилување од државата, а барањето го проследил до Министерството за правда за да биде пуштен од затвор пред да ја одлежи во целост затворската казна од четири години и осум месеци за случајот „Труст“ за ископ на јаловина во РЕК Битола.

 

Претседателот Стево Пендаровски ќе го има последниот збор за тоа дали  Кочан ќе добие помилување и со тоа предвреме ќе ја заврши затворската казна.

Кочан поранешен сопственик на фирмата „Трансмет“ е во затвор од први август 2019 – та година. До сега зад решетки има поминато речиси две години и два месеци. Кочан првично од Кривичниот суд доби шест години затвор за лажно формирање конзорциум за да добие тендер за ископ на јаловина. Но, Апелациониот суд му ја намали казната за 16 месеци.

„По одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетите С. К. од С. и В. А. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената одлука во делот на казната и обвинетиот С. К. го осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години и осум (осум) месеци“, беше наведено од Апелациониот суд.

21.09.2021 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега