Се зголемува бројот на хоспиталазирани: Во болниците лежат над 800 ковид пациенти

Во изминатите 24 часа  во ковид-центрите во болниците во земјава се лекуваат вкупно 825 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Од нив 500 во внатрешноста, а 325 се лекуваат во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

 

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 32 болен, а во Куманово 71 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациент, во Кочани 6 во Кичево 10, Кавадарци 60, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 825 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2021 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега