Се зборуваше дека Меган е проблематична, но сега Кејт покажа дека не ги почитува кралските правила

За војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон често се зборува како за личност која секогаш се држи до кралските правила и традиција, за разлика од поновата кралска снаа Меган Маркл. Меѓутоа, како што пренесуваат странските медиуми тоа сега се сменило.

Кејт неодамна се опуштила со неколку чашки алкохол заедно со мајките од училиштето во кое одат нејзините деца. Прославата била организирана за родителите да се запознаат подобро, а таа влегла низ тајна врата, далеку од папараците и новинарите.

Оваа вест ја “здрмала“ Британија со оглед на тоа што Кејт важи за онаа – “подобра снаа“ на која вакви испади речиси никогаш не ѝ се случуваат.

Сопствениците на пабот во кој биле соработувале и претходно со кралското семејство па затоа тие биле едни од оние луѓе кои биле задолжени за цветниот аранжман и декорација на венчавката на принцот Хари и Меган.

Низ британските таблоиди исто така се пишува дека Кејт е бремена по четврти пат, а со оглед на тоа дека неодамна се покажало дека го зголемила бројот на своите килограми, се шпекулира дека можеби носи близнаци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега