Се започнало од оџакот: Пожар избувна во хангар на фирма во Скопје

Вчера во 13:00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Новопроектирана“ избувнал пожар во хангар сопственост на фирма.

Според информациите на МВР, во хангарот кој биле сместени магацинот на фирмата, продажниот салон и производствениот погон. Пожарот бил целосно изгаснат во 15:00 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Според првичните сознанија, пожарот најверојатно започнал од оџакот. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2018 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега