Се запали воз на граничниот премин „Табановце“- изгореле 4 вагони

Вчера вечер во 23.40 часот било пријавено дека на Граничен премин „Табановце“, на влез во Македонија, настанал пожар во четири вагони од транспортен воз кој сообраќал на релација Белград, Република Србија – Неготино, Македонија.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега