Се запали куќа во Охрид- повредено младо момче

 

Младо момче било повредено вчера откако во нивната куќа во Охрид избил пожар.

Според пријавеното, вчера во 12.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Охрид на ул.„Крали Марко“, во куќа сопственост на Љ.Д.(59) настанал пожар.

Во пожарот со повреди се здобил нејзиниот син Љ.Д.(25) и бил пренесен во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Од страна на Територијалната противпожарна единица Охрид пожарот бил изгаснат.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега