Се запали комбе во близина на магистралниот пат Кичево – Осломеј

Пред околу половина час на паркингот на шопинг центарот „Гара” во близина на магистралниот пат Кичево – Осломеј се запали комбе со кое  се разнесува леб.

Возачот на комбето навреме излегол од возилото, а причинета е само материјална штета. Во гасењето на пожарот интервенирала екипа на ТППЕ Кичево, која спречила огнот да ги зафати возилата што биле во близина на комбето. На местото пристигнале полициски службеници и амбулантно возило.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега