Денеска во зградата на Геолошкиот факултет при Универзитетот во Варшава избувна пожар откако се запали електрична разводна табла. Околу 200 луѓе беа евакуирани откако технички работник пријавил појава на чад, соопшти Општинскиот штаб на Државната противпожарна служба, пренесува Радио Варшава.
На местото на пожарот биле испратени 24 пожарникари. Во инцидентот нема повредени.

