Се запали барака во Трнодол- едно лице загина

Во пожарот што попладнево избувна во барака во скопската населба Трнодол има една жртва. Телото е пронајдено при расчистување на остатоците од пожарот.

– Пожарот е изгаснат пред околу 20 минути. Дел од пожарникарите кои останаа на терен да го расчистат теренот го пронајдоа телото, изјави командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Владимир Симоновски во изјава за МИА.

Пожарот беше пријавен во 14 часот, а Противпожарната единица на Град Скопје интервенираше со пет возила и 14 пожарникари.

Причините за настанување на пожарот ќе бидат познати по извршениот увид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега