Се закануваа со „Сармат“, а сега објавија точни координати од важни центри на НАТО

Руската државна вселенска агенција Роскосмос со која управува Димитри Рогозин испрати специјална честитка до членките на НАТО за самитот кој се одржува од 28 до 30 јуни во Мадрид.

Роскосмос објави сателитски снимки од Мадрид, Вашингтон и Белата куќа, како и други локации.

„Самитот на НАТО почнува денеска во Мадрид, каде што западните земји ќе ја прогласат Русија за непријател“, соопштија од агенцијата.

Претходно офицери и руски политичари се заканија со интерконтинетнтални ракети на Лондон, Брисел и Вашингтон.

28.06.2022 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега