Се врши дезинфекција на детските игралишта во скопските општини

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје утринава почнаа со миење и дезинфекција на реквизитите на неколку детски игралишта лоцирани во општините Чаир, Бутел, Центар и Карпош.

Активностите, како што посочија во соопштение, ќе продолжат и во текот на претстојните денови, кога ќе бидат опфатени дел од игралиштата во останатите скопски општини.

-Почнавме со активности за миење и дезинфекција на детските игралишта, затоа што станува збор за локации каде што нашите најмали сограѓани поминуваат голем дел од своето време, доаѓајќи во непосреден допир и контакт со поставените реквизити, истакна директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

На овој начин, посочува Шабани, ЈП Комунална хигиена ги одржува своите главни приоритети: максимално ниво на чистота и хигиена на јавните простори во градот Скопје, како и заштита на колективното здравје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2020 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа