Се вратиле од Еквадор - во куферите место облека пронашле кокаин

Откако брачна двојка се вратила од својот пат од Еквадор, на аеродромот во Париз место облеката во куферите, пронашла 20 килограми кокаин. Шеесетгодишната брачна двојка, откако се вратила од патувањето константирала дека нивнииот куфер не е во багажот и веднаш направиле рекламација кај нивната авиокомпанија. Кога куферот бил откриен, брачната двојка го подигнала од аеродромот во Тулуз Блањак и кога го отворила, наместо сувенирите и облеката купени од Екватор, пронашла 20 килограми кокаин.

Пензиониерите веднаш се јавиле во полицијата која трага по оваа необична пратка. Летот со кој тие се вратиле во Франција не е директен лет, царинската контрола била направена или на Роаси, Мадрид или Амстердам.

најчитано сега