Се возел низ Чаир со оружје - Полицијата го приведе

Скопјанец се возел низ Чаир со оружје во автомобилот, па заврши зад решетки.

Секторот за внатрешни работи Скопје-Единица за недозволена трговија поднесе кривичнa пријавa против 27-годишниот И.К.од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, откако било откриено дека на улицата „Џон Кенеди“ во општина Чаир, во возилото со кое го запрела полицијата имал пиштол, празна рамка и празна кутија за муниција.

Лицето било лишено од слобода во Полициската станица Бит Пазар, а врз основа на судска наредба, извршен бил претрес во неговиот дом, при што пронајден бил еден револвер 357 Магнум (4,5мм) и шест куршуми  непозната марка и калибар за кои таткото на пријавениот се изјаснил дека биле негова сопственост.

Пронајдените предмети со потврда се одземени за вештачење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.08.2019 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега