Се влошува здравствената состојба на Нелсон Мендела

Поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела, кој од осми јуни се наоѓа на лекување во болницата во Преторија, се наоѓа во критична состојба.

- Тој е во добри раце и лекарите прават се што е потребно за да се подобри здравствената состојба на Мандела, се истакнува во служебеното соопштение на кабинетот на претседателот.

Мандела, кој има 94 години, повеќе од две недели се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата во Преторија, каде се лекува од тешко воспалување на белите дробови. Во изминатите денови, од болницата доаѓаа само штури информации околу здравјето на поранешниот претседател, освен дека неговата состојба е тешка, но дека ситуацијата е под контрола.

Јужноафриканските власти тврдат дека инцидентот со возилото на Мандела не влијаело на неговата здравствена состојба ниту дека дошло до влошување, затоа што пациентот бил постојано со искусен болнички персонал кој го придружувал на патот кон болницата.

Еден од внуците на поранешниот претседател изјави во петокот дека здравјето на Мандела се подобрува, па дека тој „наскоро ќе се врати дома“. 

најчитано сега