Се уште никој не ми кажал дали моите блиски се во болница или починале во автобусот: Роднините од Македонија пристигнаа пред болницата

Роднините на патниците од автобусот кој се запалил на автопатот Струма се уште немаат информации дали меѓу загинатите или повредените има нивни роднини.

Исмаил Селјами е пред болницата во Пирогов и чека официјални информации од болницата, објавува бугарскиот медиуми Bgonair.bg

„Сè уште никој не ми кажа дали моите роднини се во болница или починаа во автобусот. Не снајде голема трагедија. Сакаме бугарските власти да не известат што се случува, кој преживеа“, повика Селјами.

Во медицинската установа се сместени 7 лица, пет мажи и две жени. Некои од нив се семејство со 16-годишно девојче. Шест од повредените се со изгореници, а еден е сместен на Клиниката за трауматологија.

Друг роднина кој е близок со седум лица кои патувале во автобусот на смртта ги посетил преживеаните и вели дека за останатите нема информации.

23.11.2021 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега