Единаесет лица го загубија животот во тешка авионска несреќа што се случи во градот Томблен, во североисточниот дел на Франција, соопштија попладнево од локалната префектура.

Надлежните служби веднаш излегле на терен, но за жал, на патниците и екипажот им немало спас.

Авионот бил во сопственост на училиште за падобранство, објави 4news.mk.

Според првичните информации од теренот, сите лица кои се наоѓале во леталото загинале на лице место при самиот удар.

Во несреќата загинале пилотот и сите 10 патници – пет ученици и пет инструктори, соопштија властите.

Поради сериозноста на инцидентот, подигнат е највисок степен на аларм во француските институции за итна соработка.

Францускиот министер за внатрешни работи се упатил кон местото на несреќата, информираше Министерството за внатрешни работи.

На местото на падот веќе е започната официјална истрага за да се утврдат причините кои довеле до оваа голема трагедија.

Exit mobile version