Се урива плажата „Немо“ во Охрид, приведен охриѓанец поради закани на полицијата

Со еден приведен утрово продолжи уривањето на плажата „Немо“ или Горица три во Охрид откако Владата донесе Уредба плажите да се вратат во првобитна состојба поради истечените концесии, пренесува А1он.

Очевидци велат дека утрово еден од сопствениците на плажата се заканувал на полицијата и работниците кои ги демонтирале шанкот и урбаната опрема на плажата.

Охридската полиција потврди дека едно лице е приведено.

„ На 17.06.2020 година во 09,30 часот, во СВР Охрид, поради нарушен јавен ред и мир на плажа во комплексот ’Инекс’,  приведен е В.М. (41) од Охрид.  Против него, ќе биде поднесена  соодветна пријава“, велат од охридската полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа