Се урива хотел на брегот од Охридско Езеро

Интензивно, од утрово со градежна механизација се урива хотел кој се наоѓа на брегот на езерото. Акцијата е организирана од Општина Охрид, откако претходно, сопственикот се обврза дека сам ќе си ја урне дивоградбата и тоа не го стори. Хотелот се наоѓа во близина на стариот пат Охрид-Струга, зад дивоизградената база на охридскиот советник од ДУИ, Нефи Усеини. Тој е изграден на земјиште во приватна сопственост, без никакво одобрение добиено од Општина Охрид. Во уривањето, асистира и полицијата, објави „А1он“.

Претходното рушење на хотелот беше кон крајот на септември минатата година. Но, акцијата беше прекината, а општинските екипи за рушење повлечени, бидејќи сопственикот на хотелот побарал сам да го урне објектот, што му е дозволено според закон, а Охрид му дозволи да го направи за 20 дена.

Ова е трета локација во изминатиов период каде се отстрануваат дивоградби. Акцијата започна на плажата „Немо“, па продолжи кај Канео. Во Охрид се идентификувани 1.076 дивоградби, а во заштитеното централно подрачје 409. Меѓу нив е и пицеријата и бетонската база на охридскиот советник Нефи Усеини.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега