Се „тресе“ Белгија: Наставник давал испитни прашања во замена за фотографии од голи ученици

 

Јавното обвинителство во белгискиот град Антверпен денеска поведе истрага против наставник за сексуално недолично однесување.

Тоа следува по жалбите на неколку ученици што посетувале курс за медицински сестри, а кои тврдат дека наставникот им давал прашања за испити во замена за голи фотографии, објави весникот „Медијахуис“.

Раководството на Институтот „Синт-Алојзиус“ во Лиер во Белгија веќе води истрага против тој наставник, кој, како што пишува весникот, наводно имал сексуални односи со некои ученички во подрумот на училишната зграда.

Во септември, неколку ученици, заедно со наставник во кој имале доверба, го изнеле случајот до управата на училиштето. Тие прикачија и докази со фотографии и пораки разменети со ученици.

Наставникот негира какви било погрешни постапки и недолично однесување. Истрагата на Јавното обвинителство во Антверпен треба да покаже дали се направени прекршоци.

29.11.2022 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега