Се судриле два автомобили и велосипед- по сообраќајката еден од возачите побегнал

 

Се судриле два автомобили и велосипедист во Скопје, по што еден од возачите побегнал, а велосипедистот со тешки телени повреди завршил на Клиника.

 Според пријавеното, на 08.08.2020 во 20,00 часот било пријавено дека во Скопје на бул.“Александар Македонски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди  А7 “ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.И.(24) од Скопје, со патничко моторно возило со непознати регистарски ознаки управувано од засега непознато лице кое по незгодата го напуштило местото на настанот и велосипед управуван од Р.Ш.(70) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Комплексот клиники  “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2020 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега