Се судриле автомобил и запрежно возило- повредени две лица и пренесени во струмичката болница

Две лица се повредени во сообраќајка која се случи околу 11 часот во близина на селото Баница, на регионалниот пат Струмица-Баница-Вељуса.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Во сообраќајќата учествувале автомобил и запрежно возило. Повредени се возачат на автомобилот и лицето кое го управувало запрежното возило и тие се пренесени во Струмичката болница.

Сообраќајот на овој патен правец е во прекин, а на местото на несреќата полицијата врши увид. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега