Се судриле автомобил и мотор- Малолетник тешко повреден во Прилеп

Сообраќајка се случила во Прилеппомеѓу „Југо“ и мотоцикл кој бил управуван од малолетник, по што тој завршилво болница.

„На 20.09.2019 околу 19.00 часот на крстосница од улиците „Марксова“ и „Тризла“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(29) од Прилеп и мотоцикл „трува“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 16-годишен малолетник од Прилеп“

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во болницата во Прилеп каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2019 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега