Се судрија товарно возило и мотоцикл на патот Кичево-Македонски Брод: Жена тешко повредена

Жена се здобила со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа која се случила вчера во 18:25 часот на магистрален пат Кичево – Македонски Брод, во непосредна близина на крстосницата за село Србјани. Како што информира МВР, незгодата се случила помеѓу товарно моторно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки управувано од 51-годишниот В.С. од село Јосифово,валандовско, кое продолжило со движење и мотоцикл „холдинг“ без регистарски ознаки, управуван од 37-годишниот Д.С.П. од село Србјани, кичевско.  По преземени мерки товарното возило било пресретнато и вратено на местото на настанот,а во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.С.П. и била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Кичево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега