Се судрија мотоцикл и автомобил во Велес - повреден маж однесен во болница

 

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Велес.

-Вчера во 21:30 часот било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(42) од Велес и мотоцикл „гилера“, управуван од Д.З.(32) од Велес. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега