Се судрија „фолксваген“ и „опел“ во Скопје - три лица повредени

Три лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Скопје, информира МВР.

„На 15.01.2022 во 11:30 часот било пријавено дека во село Арачиново-скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.С.(22) од село Грушино-скопско и патничко моторно возило “опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.А.(57) од село Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.А., а со телесни повреди се здобиле М.С. и сопатникот од возилото “фолксваген“ Ф.С.(21) од село Грушино констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти полицијата.

16.01.2022 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа