Се судрија две товарни возила и велосипедист- едно лице повредено

Сообраќајка во Струмица помеѓу два камиони и велосипедист, од кои едниот бил на автошкола, а со него управувал маж кој се обучувал за управување на возилото.

„На 19.09.2019 во 14.30 часот на ул.,,Климент Охридски’’ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило ,,фолксваген Л80’’ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(33) од Штип, товарно возило „волво ФЛ 280’’ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.А.(23) од Струмица, кој се обучувал од автошкола за управување со возилото и велосипед управуван од Н.К.(37) од Струмица“ велат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега