Возач од „Македонија пат“ повреден откако со „ивеко“ удрил во друг камион „мерцедес“ на само 500 метри после клучката Желино на автопатот Скопје – Тетово.

Возилото на „Македонија пат“ го управувал 54-годишниот Ј.С. од селото Рогле, а „мерцедесот“ 51-годишниот скопјанец Н.С.

– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.

Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.

Exit mobile version