Се судрија два автомобили и велосипед во Битола- млада девојка тешко повредена

 

Во текот на вчерашниот ден во Битола се судрија две возила и велосипед, при што повредена 27- годишна девојка и со тешки телесни повреди била пренесена во болница.

„Вчера во 12 часот и 58 минути било пријавено дека на улица „Буковски мост“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која учествувале  патничко моторно возило „форд пума“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.М.(19) од с.Барешани, битолско, патничко моторно возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(60) од Битола и велосипедист М.Д.(27) од Битола“ велат од МВР.

Во незгодата, М.Д. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега