Се судрија два автомобили и мотоцикл во Скопје - две лица однесени на Клиника

 

Две лица се здобиле со телесни повреди при сообраќајна несреќа во Скопје.

-Вчера во 15:00 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, управувано од  Ж.Д.(39) од Скопје, патничко возило „волво“,управувано од З.А.(47) од Скопје и мотоцикл „сузуки“,управуван од К.А.(46) од Скопје, сите три со скопски регистарски ознаки. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а 15-годишниот сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје - информира МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа