Се судрија автомобил и мотоцикл во Гостивар- едно лице тешко повредено

По сообраќајна незгода помеѓу афтомобил и мотоцикл на патот Гостивар- Чегране, повреден бил 79- годишен маж, по што со тешки повреди бил пренесен во гостиварската болница.

Според пријавеното, на 17.06.2020 во 17,50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар –с.Чегране се случила сообраќајна незгода помеѓу “Голф“ со гостиварски регистарски ознаки управуван од Н.М.(62) од с.Чајле-гостиварско и мопед “Јиајуе“ со гостиварски регистарски ознаки управуван од Т.Љ.(79) од с.Чајле-гостиварско.

Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега