Се степале двете екипи, тројца фудбалери завршиле на Клиника

Вчера во 15 часот и 40 минути во Полициската станица Кисела Вода, било пријавено дека за време на фудбалски натпревар настанала тепачка и физичи се пресметале играчите на двете екипи.

Имено Д.К, делегат на фудбалскиот натпревар на игралиштето кај „Цементара“ помеѓу екипите на ФК Кул Здравје од Скопје и ФК Илинден од Скопје, пријавил дека во 35-тата минута од натпреварот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу играчите на двете екипи, по што натпреварот бил прекинат.

На играчите од гостинската екипа Н.Ѓ.(23) од населба Бутел, Ј.Ц.(24) од населба Илинден и А.М.(34) од населба Илинден им била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега