Се степале двајца мажи во дебарско- едниот од нив имал пиштол без дозвола

Двајца жители од дебарското село Отишани го нарушиле јавниот ред и мир,со физика пресметка а кај едниот од нив полицијата пронашла пиштол кој го поседувал без дозвола.

-Вчера околу 16:00 часот, во дебарското село Отишани, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.К.(45) и А.С, (41), двајцата од истото село. Дополнително, при претрес во домот на А.С., пронајден и одземен е пиштол марка „Еко Специјал“, за кој, во моментот не поседувал соодветна документација, информираше  Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додаде дека по целосно расветлување на настанот,  Одделението за внатрешни работи од Дебар ќе поднесе соодветна пријава.

Инаку, на подрачјето кое го покрива ОВР-Дебар, во текот на изминатата недела полициските службеници издале на 80 прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.вт

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2020 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега