Се сруши висечки мост во Франција: Загина 15- годишно девојче, а сега извлечено уште едно тело од водата

Возач на камион и 15- годишно девојче загинале, откако вчера се срушил висечки мост во Франција долг околу 150 метри. Неколку возила паднале во вода, а девојчето било во автомобилот со своите родители, но нив мештаните успеале да ги спасат.

Телото на девојчето е извлечено од вода, а неколку часа подоцна, соопштено е дека е најдено и телото на камијонџија кој паднал во реката, а повредени биле уште четири лица од кои двајца пожарникари.

Во потрага по преживеани учествувале 60 спасувачи и 40 полицајци, а покрената е и истрага како се срушил мостот.

Градоначалникот рекол дека мостот е реновиран во 2003 година, а во 2017 последен пат е проверена неговата безбедност и утврдено било дека е во добра состојба.

Тој додал дека можеби баш камионот кој бил на мостот го прекршил правилото за ограничување на килажа, каде максимално е дозволео 19 тони.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега