Се снимил додека игра во својот дом, па следбениците забележале морничаво нешто позади него: „Повикај полиција“

Снимката која што преплашила многумина – дали станува збор за монтажа од самиот автор?

Луѓето ширум светот наоѓаат различни начини на забава во текот на самоизолацијата поради пандемијата коронавирус.

Социјалните мрежи се преплавени со снимки од домовите на луѓето, на кои нивните автори демонстрираат како се забавуваат.

Една таква снимка станала вирална поради еден морничав детаљ на неа. Нејзиниот автор очигледно сакал да ги покаже своите танцови способности.

„Сам сум дома, па усовршив еден Тик-Ток танц. Ве сакам“ – порачал авторот на социјалната мрежа Тик-Ток.

Сепак на сите вниманието им го привлекло тоа што во еден момент се појавува позади него, како да излегува од скалите, доаѓајќи од вториот кат, пред повторно истото да се повлече во мракот.

@reubix_cube

lmao i’m home alone so i learned a tiktok dance. lov u doja but what has my life come to? ##musiclives ##positivevibes ##sayso ##qurantine ##boredathome

 Say So - Doja Cat

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега