Се слушаат сирени и плач: Градоначалникот ги соопшти страшните вести- „Има мртви и повредени“

Силен земјотрес ја погоди Хрватска, епицентарот на земјотресот со јачина од 6,2 степени беше во близина на Петриња, но тој беше силно почувствуван низ цела Хрватска.

На снимките каде репортери известуваат во живо се слушаат крикови и плач.

Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, потврди дека едно дете настрадало во земјотресот.

- Ова е страшно. Има мртви, има повредени. Видовмедека едно дете загина на плоштадот. Уништен е центарот на Петриња. Нашите седум инженери беа затрупани под рушевините во оваа зграда, но успеавме да ги извадиме. Ова е катастрофа, испратете ја целата помош што ја имате - рече еден од инженерите кој отиде во Петриња.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега