Се скарале во дворот, па пукале во него- МВР со детали за убиството во скопско Инџиково

 

Скопјанка доцна синоќа пријавила дека било пукано во нејзиниот сопруг во скопско Инџиково, по што Брзата помош можела само да утврди смрт.

Од полиција велат дека во 23.06 часот во СВР Скопје, М.Н. пријавила дека двор од куќа во с.Инџиково, скопско, при расправија на две лица со нејзиниот сопруг И.А.(49), едното од нив со пиштол пукало во него.

Според пријавеното, двете лица побарале пари од И.А., но кога им кажал дека нема пари, едното лице пукало кон него. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега