Се шпекулираше дека пејачот е на смртна постела, па одлучил да ја каже вистината: „Бев во ужасна состојба“

Славниот музичар Ози Озборн изнел детали за својата борба со мачната болест, откако се обидувал да ја сокрие од јавноста.

71-годишниот Ози Озборн по првпат јавно проговорил за тоа дека боледува од Паркинсонова болест. Тоа го кажал во ексклузивно интервју, а крај него цело време била неговата сопруга Шерон.

Како што кажал, не ни планирал да зборува јавно за својата болест, но после лажните вести дека е на смртна постела, решил да биде искрен со фановите.

-Беше ова тежок период. Имав тешка операција на вратот која ми ги поремети сите нерви. Дознав дека имам благ облик...“, се мачел Ози да ја доврши реченицата, па морала Шерон да му помогне.

-Има Паркин 2, што е благ облик на Паркинсонова болест - објаснила Шерон.

-Не е тоа никаква смртна пресуда, но влијае на секој нерв во телото и никогаш не знаете како ќе се чувствувате тој ден. Во моментов сум помалку-повеќе во ред, минатата година бев во ужасна состојба. Често не ја чувствувам раката и знам дека тоа е последица на болеста - рекол Ози и додал дека планира лекувањето да го продолжи во Швајцарија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега