Се ширела неподнослива смрдеа - Телото на познат Србин се распаѓало со денови

Тело на познат српски спортски работник, Предраг Матиќ, вчера било најдено во фаза на распаѓање во неговиот стан во Парачин.

Мртвото тело на 57-годишниот маж го пронашла полицијата, која насилно влегла во станот по дојава за неподнослива миризба. Смртта било констатирано дека настапила по природен пат, а мртвото тело се распаѓало десет дена.

- Станарите пријавија дека се шири неподнослив мирис, бев до подрумот, но ништо не открив. Кај Предраг заѕвонев на врата но никој не отвори, тропав и лупав со денови. Викнав полиција. Констатираа дека човекот умрел од инфаркт, вели сосед.

Живеел сам, не бил оженет и немал деца.

Соседите се затечени од веста за смртта зошто бил релативно млад, водел здрав живот и немал проблеми со здравјето.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега