Се сеќавате на таткото и ќерката фотографирани пред Нотар Дам? Сега се пронајдени, а нивната фотографија ќе влезе во историјата

Туристката од САД, Брук Виндзор, успеала да ги пронајде таткото и ќерката кои ги фотографирала пред Нотр Дам, само еден час пред да избие пожарот

Таа ги фотографирала двајцата пред славната катедрала, а потоа ги замолила сите на социјалните мрежи да и помогнат да ги најде таткото и ќерката, бидејќи сакала фотографијата да им ја даде како спомен.

Како што пренесува "BBC", Брук успеала да ги пронајде, а со тоа се пофалила и на Твитер.

"Потрагата е завршена, фотографијата дојде до нив", навела таа.

Семејството не сакало нивниот идентитет да биде објавен, но и се заблагодариле на фотографката за убавиот гест.

"Ви благодарам за таа прекрасна фотографија, ќе пронајдеме посебно место за неа", напишале во пораката.

Како што сметаат многумина, фотографијата на Брук Виндзор веројатно би можела да биде историска бидејќи е направена во посебен момент. На тоа сведочи и фактот дека на социјалните мрежи собрала речиси половина милион лајкови, и дека е споделена 240.000 пати.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2019 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега