Се сеќавате ли на неа, сите ги знаеја нејзините песни - се повлече од естрадата, се венчаше за син на политичар и замина од земјата

Пејачката Весна Писаровиќ пред 20-на години уживаше во својата популарност ширум регионот.

Таа исто така имаше свои многубројни хитови, како на пример песната „Да знаш“, но на големо изненадување на сите таа одлучи да се повлече од пејачката естрада.

Весна е родена во Брчко. Првиот албум го објавила во 2000 година, а во 2002 година ја претставуваше Хрватска на Евровизија, додека пак во екот на својата слава одлучи да направи пауза од својата музичка кариера.

Пред 12 години таа се венчала со Озрен Пуповац, син на хрватскиот политичар Милорад Пуповац и со него се преселила во Берлин.

По извесно време се вратила на музиката, но се посветила на друг жанр - џезот.

„Можам само да кажам дека не жалам за ништо поради оваа радикална промена - одлуката да создавам џез музика. Без оглед на трнливиот пат и долгогодишните промени, разни жртвувања и секојдневни дисциплини, всушност тоа непрекинато ме исполнува“, изјавила Весна за српски „Блиц“ која што во месец април годинава ќе наполни 43 години. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vesna Pisarović (@vesna.pisarovic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vesna Pisarović (@vesna.pisarovic)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега