Се самоуби 18-годишна спортистка која лани освои сребрен медал на Олимписките игри

Големата надеж во нордиска комбинација, 18-годишната Јоана Басани била пронајдена мртва. Наводно, таа извршила самоубиство, а како причина се наведува големиот притисок на нејзината кариера од страна на австрискиот Сојуз.

Басани е пронајдена мртва на само седум денови по својот 18 роденден, а покрај нејзиното тело биле пронајдени неколку писма.

Во нив Басани пишувала за големиот притисок од страна на австрискиот Сојуз и дека не можела повеќе да го издржи тоа.

Младата девојка е освојувачка на сребрен медал на Олимписките игри (ОИ) во Лозана минатата година.

12.05.2020 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега