Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби со цел да им излезе во пресрет на граѓаните кои се затекнати во Обединетите Арапски Емирати, е во постојана комуникација и со властите во Султанатот на Оман, и во таа насока се разгледува можноста за репатриација и евакуација на граѓаните на Република Северна Македонија преку копнената граница на оваа земја.

Исто така, нагласуваме дека oграничен број летови беа во можност да ги напуштат Обединетите Арапски Емирати, преку аеродромот на Абу Даби и Дубаи, кои беа целна мета на нападите од Иран. Со овие летови беа евакуирани само патниците кои биле затекнати во трансфер зоните по овие аеродроми.

Во таа насока, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби е во континуирана комуникација со властите на Обединетите Арапски Емирати, со цел да организира и да се разгледа можноста за евакуација и со други летови, одма по добивање на дозвола дека воздушниот простор на ОАЕ е безбеден за летање.

Сите заинтересирани лица молиме да се пријават во ДКП Абу Даби.

Дежурен мобилен број на Амбасадата +971 56 441 7532

Емаил адреса: abudabi@mfa.gov.mk

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби

Exit mobile version