Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе одржи промотивен настан на кој официјално ќе биде презентирана и пуштена во употреба новата специјализирана опрема за депонијата Русино. Опремата е обезбедена во рамки на Регионалниот проект за управување со цврст отпад.
Според информациите од Министерството, инвестицијата изнесува 1.114.200 евра и е финансирана со заем од Европска банка за обнова и развој.
На настанот се најавени обраќања на претставници од Владата, од ЕБОР, од Амбасада на Швајцарија во Северна Македонија, како и од локалната самоуправа.


