Министерството за образование и наука продолжува со инвестициските активности за подобрување на инфраструктурните услови за поквалитетна едукација и унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард. Годинава, покрај тоа што ќе продолжи реконструкцијата на државните студентски домови, ќе започне и темелна обнова на државните училишта со ресурсни центри кои се столб на инклузивноста на националниот образовен систем.
За оваа намена, од Германската развојна банка KfW, а со поддршка од Европската унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, обезбедени се средства во висина од 40 милиони евра. Буџет со кој ќе се реализира втората фаза од процесот на темелна и енергетски ефикасна обнова на преостанатите седум државни студентски домови, со оглед дека домовите „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“ се во активна фаза на обнова, а паралелно ќе се реконструираат и објектите на седум државни училишта со ресурсни центри за ученици со посебни образовни потреби.
Дополнително, за покривање на трошоците поврзани со подготовките за реконструкција на ресурсните центри како што се енергетски контроли, детални проекти и тендерирање за енергетски ефикасната реконструкција, преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан поддржана од Европската Унија, обезбеден е неповратен грант од 1,25 милиони евра.
Договорите за користење на средствата ги потпишаа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и Пабло Алварез Обрадор – директор за енергетика за Југоисточна Европа и Турција во Германската развојна банка KfW, а во присуство на Штефан Худолин – раководител на секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија во Скопје и заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Јан-Аксел Фос.
Оваа крупна инвестициска активност е значаен исчекор во унапредувањето условите за живот и учење на младите во Македонија, подинување на инклузивноста, зголемување на енергетската ефикасност на јавните објекти и значително намалување на емисиите на CO₂.
- Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер
- Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје – Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора
- По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
- Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
- Сиљановска – Давкова: Историјата е дел од нашиот идентитет, не можеме да ја ревидираме на барање на некој друг
- Брза интервенција спречи трагедија: Маж извлечен од Вардар од очевидец кој видел дека се дави, пренесен е во болница
- Уапсени двајца охриѓани бидејќи натепале свој сограѓанин
- 45-годишник заврши зад решетки – полицијата му најде бела прашкаста материја


