Се придвижил паркиран камион и ги прегазил- две лица пренесени во Градската болница

 

Две лица биле повредени откако сам се придвижил камион кој бил паркиран на улица помеѓу с.Брест и с.Малино Маало.

„На 11.10.2020 околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје биле донесени повредени А.А.(37) од Скопје и А.Д.(26) од с.Брест.“ информираат од полицијата.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, а при извршен разговор со А.А., тој кажал дека заедно со А.Д. се здобиле со повреди откако само се придвижило товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано на улица помеѓу с.Брест и с.Малино Маало.

Притоа, кај А.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај А.Р. телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид е извршен од екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2020 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега