Вчера во 18:40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Општа болница Прилеп со тешки телесни повреди бил донесен А.П.(74) од село Вранче, општина Долнени, со живеалиште во Прилеп, се наведува во полицискиот билтен.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека работел со трактор во двор од негов имот во Вранче.
Во еден момент тракторот се превртел, при што тој се здобил со повредите.
Се работи на расчистување на случајот.


