Се преврте возило кај „Маркова Чешма“- едно лице тешко повредено

Синоќа во 22 часот и 20 минути на земјениот пат Прилеп -Вештачко езеро, на место викано „Маркова Чешма“, патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 19- годишниот Г.П од Прилеп, изгубило контрола, излетало од патот и се превртело.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Р. и со возило на Итна медицинска помош бил однесен во болницата во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош.

Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега