Се пожалил на болки во градите: Маж почина додека го возел патот Битола-Прилеп

Педесет и петгодишен маж, со иницијали Ш.В. починал додека го возел својот автомобил на патот Битола-Прилеп, пред Тополчани.

Од МВР велат дека управувајќи го возилото, со прилепски регистарски ознаки, тој се пожалил на болки во градите на сопатничката Л.В.М..

Извршен бил увид, а телото на починатиот е предадено на обдукција.

12.06.2021 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа